Според СВР Тетово, вечерва во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А. На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.
Во тек е увид што го вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.