Убиено 22-годишно момче во тепачка во Струмица

22-годишно момче е убиено вечерва во Струмица во тепачка меѓу две семејства во Турското маало на улицата „Бетовенова”, а еден 16-годишен и две жени се повредени, обави МИА.

Информацијата ја потврдила директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, која изјавила дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова” во Струмица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата повеќе информации за настанот најавуваат за утре. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе