Уапсен вооружен скопјанец со многу пари

Во Скопје на улица полицијата запре и претресе 33-годишен маж и кај него најде пиштол и муниција и многу пари, по што е приведен во полициска станица.

МВР информира дека вчера, во 16.45 часот, на улицата „Ѓорѓи Димитров" полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(33) од Скопје. Кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава", калибар 7.65 мм, рамка со пет куршуми и странски валути во поголем износ.

Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе