Лицето, како што соопшти МВР, е задржано во Полициската станица – Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.