Уапсен угостител од Тетово за непочитување на мерките за спречување на ковид-19

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:00 часот го привеле 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале десет гости.

Лицето, како што соопшти МВР, е задржано во Полициската станица – Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе