Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба" по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово и од Основен суд Виница за доиздржување на шест години и девет месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено поправна установа за доиздржување на казната.