Тројца турски државјани фатени во касарната Илинден

Полицајци од Скопје вчера попладне ги лишиле од слобода турските државјани E.E. (44), М.E. (18) и М.С.Г. (18), поради постоење сомневање за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик. Тие биле затекнати во касарната Илинден, по што биле задржани во полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Според член 350 тој што заради извидување неовластено ќе влезе во воен објект иако знаел дека пристапот е забранет, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Тој што неовластено прави скици или цртежи на воени објекти или на борбени средства или ги фотографира, односно на друг начин ги снима, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе