Тројца приведени поради незаконит риболов од Охридското Езеро

Три лица од охридското село Љубаништа заработија кривични пријави поради илегален излов на риба од Охридското Езеро.

Лицата Б.С., С.Н. и М.С. во текот на вчерашниот ден биле затекнати при вршење незаконит риболов на локалитетот „Ќоше" кај автокампот „Љубаништа" од страна на полициски службеници на Станицата за граничен надзор „Охридско Езеро".

Кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект.

Лицата се лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за незаконит риболов по членот 229 од Кривичниот законик.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе