Трoјца Британци кршеле во ресторан во Неготино, а еден од нив нападнал полицаец
Полицијата во Неготино пред два дена привеле тројца државјани на Велика Британија, Џ.Л. (29), Б.С. (24) и Б.Ф. (29), затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во градот, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.