Три лица загинаа, едно е повредено откако автомобил падна во Радика

Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.

Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика.

Извори во МВР информираат дека патничко моторно возило „Рено" со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад" на укажување лекарска помош.

Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе