Во Скопје

Три лица осомничени за производство и продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За сите тројца е побаран притвор поради околности кои укажуваат на можно бегство.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајца од осомничените, како соизвршители, неовластено произведувале и држеле наркотична дрога – марихуана. За таа цел, едниот осомничен ги ставил на располагање дворот и просториите од семејната викенд-куќа во Визбегово. Другиот осомничен, пак, бил затекнат во дворот од куќата во момент кога ги кастрел цветовите од стеблата и ги мерел по тежина за натамошно пакување. При претрес на локацијата биле пронајдени 15 растенија канабис со поединечна висина од 19 до 80 сантиметри, девет свежо искршени гранки со лисја и врвни делови, 20 искршени и делумно соголени гранки со лисја и вршунки канабис, како и дигитална вага.

Во домот на третиот осомничен, пак, на улица „Христо Смирненски" биле пронајдени и одземени 99,72 грама наркотична дрога – марихуана, како и 2,8 милилитри хашиш смола во два шприца.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе