Во сообраќајна несреќа

Трагедија во Богданци: Загина момче, неговите другари повредени (ФОТО)

Богданци е во тага поради големата трагедија која се случи во градот. Во сообраќајна несреќа загина дваесетгодишно момче, а четворица негови другари се повредени. Автомобилот со кој се враќале дома, со голема брзина излетал од асфалтот.

Со тага и неверување во Богданци беше примена веста дека едно дваесет годишно момче од нивниот град загина вчера утрото во 4 часот, а четворицата негови другари се повредени.

Жители на Богданци кои живеат на улицата „Маршал Тито“ велат дека биле разбудени од силен тресок, по што некои од нив излегле надвор. Глетката била страшна - со многу тешки повреди било момчето кое веднаш било транспортирано на скопската Клиника. Неговите другари, врсници според возраста, биле исто така повредени.

Автомобилот марка БМВ бил комплетно уништен што укажувало дека од улицата излетале со голема брзина. Се говори дека момчињата се враќале од некоја веселба.

За жал, битката на лекарите во Скопје вчера била загубена, момчето почина.

МВР денеска информираше за оваа несреќа.

„На улицата 'Маршал Тито' во Богданци, вчера околу 4 часот патничко возило „бмв" со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во несреќата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза"-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, соопшти МВР.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе