„Тигрите“ во Арачиново фатија бегалец баран за убиство и други кривични дела

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14:00 часот во скопското село Арачиново, го лишиле од слобода С.А.(33) од с.Арачиново. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

„За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик", информираат од МВР.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе