МВР информира: за двете сообраќајни несреќи:
Во СВР Битола вчера било пријавено дека на крстосницата од магистрален пат А-3 Ресен-Битола со крак од регионален пат Макази-Маркова нога се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(67) од Скопје и мотоцикл „хонда" со словенечки национални ознаки, управуван од Ф.С.(60) од Словенија, на кој сопатничка била Б.К.(56) од Словенија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и Б.К., кои им се констатирани во Клиничка болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Ресен.
На регионалниот пат Берово-Струмица во атарот на селото Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250" со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје. По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.