Тешко повредена девојка во Тетово, во неа удри „бмв“

На булеварот „Видое Смилевски - Бато" во Тетово синоќа е тешко повредена 23 - годишна девојка откако во неа удрил автомобил. Девојката била пренеска на скопската Клиника.

Фото: Архива

„Патничко моторно возило 'бмв' со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.  од тетовско Сараќино.Во несреќата девојката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар 'Мајка Тереза' во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Легенда под Главна слика

Фото: Архива

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе