Тешка сообраќајка во Кавадарци, две лице потешко повредени

 Две лица тешко биле повредени и едно полесно во сообраќајка што синоќа се случила во Кавадарци, потврди МВР.

Синоќа во 19 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“ и ул.„Васил Главинов“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.А. (51) од Кавадарци и патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Т. (55) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „рено“ и неговата сопатничка С.И. (57) од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Кавадарци, појаснија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Кавадарци.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе