Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, едно лице го загуби животот

Возач почина во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска".

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Астра", со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.(32) од с.Зајас и „Хонда", со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје.

Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе