Тешка кражба во куќа во Битола, украдени 280.000 денари и злато

Вчера , на ул. „7-ми Јули" во Битола, непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на Т.М. од каде сторителот украл пари и златен накит, соопштија денеска од полицијата.

Од таму појаснаа дека сторителот од дворот  на соседната куќа се префрлил на балконот на спратот од куќата, со подесен алат ја отворил балконската врата, влегол внатре и одзел 280.000 денари и златен накит.

Од полицијата соопштија дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Спортските објекти што се изградени со буџетски пари не смеат да бидат извор за заработувачка што ќе заврши во приватни џебови, ниту пак инструмент за манипулација на граѓаните и ширење на клиентелизмот.

повеќе

Политичките кризи, регионалните тензии и влошувањето на демократијата покажуваат дека постои зголемен ризик од конфликт и нестабилност на Балканот.

повеќе

Колумната е објавена на 25 септември 2010 година во весникот „Време“.

повеќе