Тело на починат маж извлечено од водите на Вардар

Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на машко лице, информираат од МВР.

На кеј „Димитар Влахов", полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ.(74) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе