СВР Тетово поднесе пријави за бесправно градење против две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од с.Боговиње, тетовско, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата" и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење".

Првопријавениот, во текот на месец јули 2020 година, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе