Судир на три возила во Гостивар, еден тешко повреден

Едно лице потешко повредено во сообраќајка што се случила синоќа во Гостивар, информира МВР.

На ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе