Вчера во 14 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.И. (23) во с. Камен Дол-Росоман, и мопед „априлиа” без регистарски ознаки, управуван од Ц.В. (49) од Росоман.
Во несреќата тешки телесни повреди добила Ц.В., констатирани во Општата болница во Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.