Стружанец ја тепал и ја повредил вереницата

Одделението за внатрешни работи-Струга поднесе кривична пријава против 28-годишниот Н.Н за семејно насилство, односно нанесување телесна повреда при вршење семејно насилство.

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека лицето на 10 август годинава физички ја нападнало вереницата, нанесувајќи и телесни повреди. 

„Н.Н (28) од Струга, на 10 август годинава, почнал вербална расправија со неговата 25-годишна вереница, по што физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе