Спасовски: Оваа година очекуваме помалку жртви од сообраќајни незгоди

Како што се зголемува бројот на реконструирана или новоизградена инфраструктура, но и бројот на контролите на патиштата, така се намалува бројот на жртвите од сообраќајни незгоди. Во 2013 година на ниво на државата имавме 198 жртви во сообраќајни незгоди, а 2021 ја завршивме со 116. Оваа година очекуваме бројката да биде двоцифрена, зависно од тоа како ќе се одвиваат работите последните неколку дена од декември, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред почетокот на денешната конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта".

Фото: Илустрација

Според Спасовски, исклучително важно е и образовните институции да посветат големо внимание на образованието и воспитувањето во делот на сообраќајот, на јавната свест и градењето на сообраќајната култура.

„Ова е еден комплексен проблем што бара решение од сите, значи од градба на инфраструктурата преку превентивното делување, на крајот секако репресијата е таа која што е неизбежна за секој еден кој не ги почитува тие сообраќајни правила и прописи. Постојано, како што се зголемува бројот на реконструирана или ново изградена инфраструктура, огромниот број на контроли кои се поставени на патиштатa, зголемените превентивни активности, така се намалува и брoјот на жртви во сообраќајот“, изјави Спасовски.

Тој порача секој граѓанин максимално посветено да се однесува и да ги почитува сообраќајните правила и прописи.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе