Претходно, М.М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.
Од полицијата информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на лице место била пронајдена една чаура кал.7,62мм. Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Тетово.
По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.