За предизвикување на општа опасност

Сопственикот на коњот што трчаше во спротивен правец на автопат заработи кривична пријава

Тетовската полиција поднесе кривична пријава за жител на градот чиј коњ се движеше во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје, минатиот месец. Сопственикот треба да одговора за кривично дело „предизвикување на општа опасност".

„Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот тетовец Н.К., поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност", казниво по член 288 од Кривичниот законик“, се вели во информацијата од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Пријавениот се сомничи дека на 21 септември годинава, во периодот од 14 до 14:30 часот, без надзор и контрола го оставил неговиот коњ со запрега, кој почнал да бега по автопатот Тетово-Скопје, односно да се движи во спротивна насока и да ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе