Сообраќајната контрола откри 21 лице без возачка дозвола

За време на сообраќајните контроли на територијата на Скопје утвдено е дека 21 лице од сопрените возила возеле без возачка дозвола, соопшти МВР. Вкупно се казнети 220 учесници во сообраќајот, најголемиот број добиле казна за брзо возење.

За брзо возење казнети се 92 возачи, а прекршочно се казнети и девет мотоциклсти.

Осум возачи се казнети затоа што користеле мобилен телефон, шест заради неисправност на возилото или затоа што возеле нерегистрирано возило, седум мерки се изречени за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување.

Засилените акциски контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе