Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, едно лице загина

Едно лице загина, а едно е потешко повредено во сообраќајка ш-то се случила ноќеска на патот Гостивар-Кичево, соопшти МВР.

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.  Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал  сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе