Со автомобил му го попречил патот, па го тепал

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци. Тој на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто" со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци кој се движел со патничко возило „голф", со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал, информираа денеска од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека Д.Т. бил приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следела соодветна пријава.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе