Скопската полиција расчисти три разбојништва

Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје.

На 4 август од слобода беа лишени Ш.И. (31) од село Грчец, скопско и Л.Ј. (23) од село Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29 јули и 1 август во Скопје. Во продажен објект на улицата „Козле“ на 29 јули со закана кон вработените одзеле пари и предмети, На 1 август во финансиско друштво на улицата „Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари.

По документирање на случаите, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор од околу 7 години, од каде претходно бил во бегство. Додека, пак на лицето Л.Ј. му е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе