Скопјанец пронашол паричник, па си подигнувал пари со личната карта
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".
Пријавениот, во мај 2022 година пронашол паричник и со личната карта на оштетеното лице на шалтер од банка успеал да подигне 15.600 денари од трансакционата сметка.
По преземени мерки и активности, тој бил идентификуван .
Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.