По пријава од сопругата

Скопјанец пронајден мртов на Црн Врв

Откако сопругата го пријавила за исчезнат, полицијата го пронајде безживотното тело на 45-годишен скопјанец на Црн Врв каде пристигнал со својот џип. Телото е предадено на обдукција.

Четириесет и петгодишен скопјанец е пронајден мртов на Црн Врв на местото викано Празна торба.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека починатиот У.Ф. е пронајден вчера во 16:15 часот од страна на полициски службеници, а неговото исчезнување претходниот ден го пријавила неговата сопруга.

Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива", со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе