Преку Фејсбук

Скопјанец му се заканувал на Заев, полицијата го приведе

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против четириесет и деветгодишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени кон претседателот на владата, Зоран Заев.

Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем, на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон претседателот на Владата, Зоран Заев Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на М.С.

При овој претрес откриени се и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе