Скопјанец измамен, го излажале дека ќерка му направила сообраќајка

Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

„Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12.44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето. Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе