Тој бил затекнат при обид да одземе паричник од Р.С.(81) од с.Трново, кривопаланечко, додека се качувал во градски автобус.
Тој бил приведен во полициска станица и против него била поднесена кривична пријава по брза постапка.
Од страна на судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје му била одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје издржување на мерката притвор.