Возилото „фолксваген поло“ во кое биле трите момчиња што се враќале од Скопје во Штип, се превртело на 200 метри пред наплатната рампа од автопатот Скопје-Велес. Полицијата соопшти дека возилото било управувано од Стефан Н.
Увидот на полицијата и на истражниот судија траел до раните утрински часови. Денеска се очекуваат подетални официјални информации од полицијата.
Синоќа сите кафулиња во Штип, по дознавањето на веста за трагичниот настан, ја прекинаа музиката.
По повод трагичната сообраќајна несреќа oпштината Штип прогласи Ден на жалост на 1 и 2 април.