Како што информира МВР, казнети се вкупно 134 возачи, од кои 28 санкции за побрзо возење од дозволената брзина.
Меѓу другите казни, изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на црвено светло, седум санкции за возач почетник и други прекршочни казни.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.