Серија тепачки и физички напади

Физички напад од таксист, напади на улица, во угостителски објекти, тепачки… се дел од инцидентите што ги ресгистрира полицијата вчера низ државата и работи на расчистување на сите случаи.

Синоќа во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Палмиро Толјати” во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(41), А.Ј.(26) и двајца малолетници, сите од Скопје, од една страна и Б.У.(24) и еден малолетник, двајцата од Скопје, од друга страна.

Исто така вчера, М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, во прилепската полиција пријавил дека околу 18.40 часот во угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од А.С., К.К. и четири други лица.

Во Виница, пак, ноќеска било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Маршал Тито” во Виница бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од еден вработен врз Д.З., поради претходно недоразбирање.

М.М.(37) од Скопје синоќа пријавила во полиција дека во 22.30 часот на бул.„АСНОМ” била физички нападната од И.К. од Скопје.

54-годишниот тетовец А.Ц.(54) вчера пријавил дека претходниот ден на ул.„Маршал Тито” бил физички нападнат од Ф.Ш. од Тетово и уште две лица кои ги познавал.

Ноќеска во СВР Скопје, М.Н.(34) од Скопје пријавил дека на 17.12.2021 во 22.00 часот на бул.„Јане Сандански” бил физички нападнат од едно лице - такси возач, поради  недоразбирање околу цената на превозот.

Во угостителски објект на ул.„Јосиф Даскалов” во Кратово ноќеска бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Љ.П.(34) од Кратово врз К.Ј. од Кратово.

И.М.(32) од Скопје пријавил дека вчера во 17.30 часот на крстосница од ул.„Никола Тесла” и ул.„Орце Николов” бил физички нападнат од две лица, поради недоразбирање во сообраќајот.

 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе