Семејството го идентификуваше телото на момчето најдено во водите на Вардар

Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22 годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино.

По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По пет дневна потрага телото беше најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе