Зголемен бројот на пријави

Семејно насилство во Тетово: Син тепал мајка, сопрузи тепаат жени...

Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела. Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово.

„Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината. Исто така вчера околу 15 часот и 15 минути, на улица „115" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Ќ.Ф., кој пред тоа бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 46-годишната сопруга“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во вторникот 28 јуни околу 2 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „107" во Тетово, го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец М.М., кој претходно бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал, а се обидел да го нападне и нивното малолетно дете. 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе