Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 122 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 26, пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила.
Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата.