Седум лица заработија кривична пријава за трговија со дрога

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка соработка со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело", во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" и против Р.А. (35) од село Житоше, Прилепско, Г.Х. (42) од Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ. (29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ. (32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

На 16.11.2020, Г.Х. пренел дрога од Албанија на територијата на земјава и во Дебар му ја предал на А.М., кој пак, по претходен договор со П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на КПУ „Теферич" во Струга.

Потоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршиле претрес во собата каде П.Ѓ. веќе издржува казна затвор поради недозволена трговија со дрога, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис, мобилен телефон и сим картичка, со што П.Ѓ. повторно го врши кривичното дело за кое е осуден.

По преземени мерки било утврдено дека Р.А. во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница. На 21/22.11.2020 А.М. дрогата ја предал на Ф.П.. Потоа, на 25.11.2020 Р.А. и А.М. ја продале на П.Ѓ. за сума од 3.000 евра. На 26.11.2020 на бул.„Борис Трајковски" во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони.

На 26.11.2020 бил извршен претрес во викенд куќа во с.Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени 1 килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка.

Исто така, на 26.11.2020 полициски службеници извршиле претрес на Р.А. во КПД Прилеп, му бил одземен мобилен телефон и СИМ картичка. Притоа, Р.А. веќе издржува затворска казна од триипол години за недозволена трговија со дрога, откако при преглед од полициски службеници извршен на 02.12.2019, му биле пронајдени 5 кг марихуана, со што тој, додека ја издржува казната, го повторил кривичното дело. При претрес извршен кај А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра.

Од извршеното вештачењето било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе