Се запали дрвена барака во Тетово

Тетовските пожарникари денес интервенираа на пожар на булеварот „Илинденска“, гаснејќи оган што зафати дрвена барака наменета за продажба на овошје и зеленчук. При пожарот и гаснењето нема повредени лица. Пожарот беше причина да се појави голем оган и чад.

„По пријавата на случајот веднаш интервениравме, иако пожарот имаше голема моќ, бевме на време да го спречиме дополнителното ширење. Штетите остануваат само материјални, апелираме на внимателност“, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.

Пожарот е пријавен во 12:20 часот, а во 13:30 пожарникарите се вратени во станицата. Интервенирано било со три возила и девет пожарникари. 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе