Се вози и со 220 км на час, ноќен радар регистрира 142 брзи возачи

За време на синоќешните радарски контроли на улиците и патиштата низ Македонија, во периодот од 21 до 24 часот регистрирани се 142 возила кои се движеле побрзо од максимално дозволената брзина. МВР сподели и фотографија од екранот на еден радар, кој покажува дека едно возило се движело со брзина од 220 километри на час, што е за 100 километри на час повеќе од дозволената брзина на таа делница на автопатот.

Од казнетите возачи, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 20 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе