Се претставил како пратеник и се обидел да ја помине границата преку ред

 А.С. (60) од Скопје вчера на граничниот премин Долно Блаце се претставил како пратеник во Собранието и со патничко возило „фолксваген пасат“ во кое било и неговото семејство сакал да помине преку ред.

Според МВР тој на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).  

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе