МВР

Се намалува бројот на убиства, во Скопје лани регистрирани се 8

Бројот на убиствата веќе неколку години по ред се намалување, а толку мал број на убиства не се регистрирани ниту еднаш во последниве 25 години, соопшти денека Министерството за внатрешни работи.

Во 2012 година биле регистрирани 28 дела, а лани намалувањето изнесува за 29 проценти или 20 кривични дела убиство, а убиени биле 22 лица. Најголем број убиства досега е регистриран во 2003 година – 75.

Лани најмногу убиства се извршени на подрачјето на Скопје - осум, потоа по две во Штип, Тетово и Куманово и по едно во Радовиш, Кратово, Велес, Демир Хисар, Гостивар и Кавадарци. Досега се расветлени 15 убиства, а се уште останаа нерасветлени пет убиства, сите извршени на подрачје на Скопје.

Жртви на овие кривични дела биле 22 лица, од кои 15 од машки и седум од женски пол. Во два случаи се работи за двојни убиства, односно лишени се од живот по две лица. Најмладата жртва годинава било осумгодишно дете, кое е убиено од страна на неговиот татко, додека најстарата жртва е 71-годишна старица усмртена од нејзиниот син.

 По извршување на четири убиства, сторителите си го одзеле животот (три од овие убиства се извршени во кругот на семејството од блиски роднини на жртвата).

Што се однесува до мотивите за извршување на убиствата, најголем број од нив, односно седум се извршени во кругот на семејството, поради нарушени меѓусемејни односи (тројца татковци лишиле од живот два сина и една  ќерка, син-мајка, сопруг-сопруга, едно братоубиство, а едно лице, кое било психички растроено си ги убило својата мајка и сестра). Две убиства се извршени поради претходно настанати расправии, по едно поради нерасчистени имотно-правни односи помеѓу соседи, при извршување на разбојништво и на кражба, соопшти МВР.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе