Обвинителството отвори истрага

Се бара притвор за кумановец, му нашле 856 грама марихуана и 0,48 грама амфетамин

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничениот, на три различни локации во Куманово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, како и психотропни супстанци метамфетамин и амфетамин. Во две куќи на улицата „Ѓорче Петров" во Куманово кои ги користел и во гаража во селото Тромеѓа, полицијата пронашла вкупно 856,6 грама марихуана во различни пакувања, семки од растението канабис, 0,48 грама амфетамин, три таблети метафетамин, мешавина оо кофеин и парацетамол, дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога“, информираат од Јавното обвинителство.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор кон осомниченото лице.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе