За време на контролата биле санкционирани и тројца возачи кои сè уште немале право за да се стекнат со возачка дозвола, односно немале доволно години на возраст. На еден возач му била истечена важноста на сообраќајната дозвола.
Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и никако да не се седнува зад волан во алкохолизирана состојба зашто така се загрозуваат и други животи.