Разбојник ограбил обложувалница во Виница

Полициски службеници лишиле од слобода жител од Виница откако тој со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 22.12.2021 во 20:40 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.Ј.(36) од Виница. Тој се сомничи дека на 20.12.2021 со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница. Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото“, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе