Пукање во Рашче, полицијата го испитува случајот, неофицијално ранети се две лица

По добиените оперативни сознанија во текот на вчерашниот ден и денеска полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе излеземе со конкретна информација во јавноста. Ова е одговорот на МВР на прашањето на МКД.мк за неофицијалните информации за сериозен инцидент во селото Рашче. Во претпладневниот дел од билтенот на МВР немаше никаква информација за овој инцидент.

Неофицијално, вчера во Рашче на семејна веселба на која учествувале високи функционери на ДУИ дошло до пукање при што биле ранети две лица.

Од Министерството за здравство сѐ уште не одговорија на прашањето на МКД.мк за евентуално донесени ранети лица во некоја од скопските болници.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе